🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот Тошковски изнесе детали за трагедијата во Карпош

По оваа интервенција, жената се упатила кон станот на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде подоцна се случил трагичниот исход.

417

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека пријавата за трагедијата во Карпош, каде жена и малолетно дете го загубија животот по пад од балкон, била примена од случаен минувач. Според него, на улицата „Теодосиј Гологанов“ веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Карпош и екипа на Итната медицинска помош, при што била констатирана смрт.

Извршен бил увид од страна на СВР Скопје, а телата се предадени на обдукција. Од местото на настанот биле подигнати материјални траги и мобилен телефон.






Министерот посочи дека настанот имал претходница истиот ден. На 2 март во 12:05 часот била примена пријава за расправија меѓу сопружниците, а полициски службеници пристигнале на адресата во 12:19 часот. Бил извршен разговор со сопругата, која изјавила дека немало физички контакт со сопругот, дека станувало збор за недоразбирање и дека не бара поведување постапка ниту интервенција. Таа навела дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и потпишала службена белешка.

По оваа интервенција, жената се упатила кон станот на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде подоцна се случил трагичниот исход. Тошковски нагласи дека сите околности детално се документираат.

По усна наредба, уапсен е сопругот, Стојанче Јовановски, поради сомневање за сторено кривично дело. Според податоците што ги изнесе министерот, во изминатите две години против него имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. Кај него, тогаш биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него била поднесена кривична пријава. По барање на јавен обвинител му биле изречени мерки на претпазливост, односно обврска за јавување во суд.

Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки, но, како што посочи Тошковски, во сите наврати оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

Поврзани содржини