Било кој масовен собир е исклучително висок ризик да се зголеми ширењето на вирусот, предупреди Филипче

707

Било кој масовен собир е исклучително висок ризик да се зголеми ширење на вирусот, предупреди министерот Филипче одговарајќи за тоа што се случи на литијата во Струга како и за најавата дека ИВЗ од 12 ќе го отвори џамиите за верниците.

Филипче порача институците да преземат се што е неоподно во ваки случаи и порача дека  од новодијагностицираните зависи кога ќе се вратиме во нормала.






– Без разлика дали собирот е на отворено или е во затворена просторија, ризикот е голем и затоа е задолжително носењето маски во затворено. Токму тоа што имавме рестрикивни мерки не донесе до помал број дијагностицирани пациенти  и зато мора почитување на мерките, зашто само така може да се спречи пренос на вирусот. Денеска е повторно околу 5-6 отсто број на позитивните случаи  од вкупно тестираните – изјави денеска Филипче.

Тој додаде дека сите досегашни мерки дадоа резултат, се стабилизираше епидемијата, намалувањето на бројката на нови случаи е резултат на рестриктивните мерки, кои голем дел од граѓаните ги почитуваат, а на ваков начин тие најгрубо се прекршуваат.

– Разговарав со реисот од Исламската верска заедница (ИВЗ) и со поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ) и им посочив и побарав апсолутно да се придржуваат до мерките во интерес на здравјето на граѓаните и да не се организираат собири на верниците. По информацијата, која денеска ја објави ИВЗ, дека на 12 мај се отвораат џамиите, сакам да повторам дека сè уште е на сила забраната за групирање на повеќе од две лица. Апелирам до верските заедници и до сите останати, да спречат било каква организација или групирање на своите поддржувачи, додека овие мерки се на сила. Верувајте, дека секое неодговорно однесување на поединци или на групи може да нè врати на почеток на кризата, а тоа истата ќе ја продлабочи и ќе се рефлектира на целокупното функционирање, не само на здравствениот систем, туку и на државата – рече министерот.

Тој  апелираше граѓаните да се воздржат од било какви собири, да се придржуваат до сè што е  препорачано од Владата.

– Да се почитува забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да се носи заштитна маска, покривка на устата и на носот, кога растојанието меѓу граѓаните е помало од пропишаното. Од тоа  што ќе покажат резултатите од денешните тестирања – помал или поголем број новодијагностицирани заразени со ковид-19, ќе зависат и натамошните мерки и постепеното отворање на економијата – додаде Филипче. .

Тие резултати ќе се анализираат утре на состаноците на Комисијата за заразни болести и на централниот Штаб на Владата.

– Ако утрешната бројка на новодијагностицирани, од тестовите денеска, е повторно онаква како како што покажува трендот од изминати две недели, а не како вчера, таа би се толкувала како варијација, и ќе биде препорачано постепено отворање на институциите – рече Филипче.

Повторно новинарите се интересираа околу датумот за одржување на изборите, а Филипче повтори дека препораката на Комисијата за заразни болести базирани на стручен пристап ќе го одреди одржувањето на изборите.

– И во овој момент сме внимателни во однос на тоа што ќе препорачаме следната недела. Ги следиме бројките и движењето и на национално ниво и во одредени градови и региони и само така ќе ги носиме мерките. Секогаш се изджани врз основа на стручно мислење. Така одлуките ќе ги носиме и понатаму –  рече Филипче.

За тоа кога ќе биде вистинскиот момент за одржување на изборите тој повтори дека препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализите на случаите.

За најавениот скрининг, министерот повтори дека доколку има намалување на пациенти, државата ќе може да премине од едни мерки – кои важеа за сите и беа носени на национало ниво  кон други –  кои ќе се креираат по таргетиран скрининг. Со него ќе се откријат мали групи за кои може да важат посебни мерки за да се спречи ширењето таму каде ќе биде вирусот детектира.

– Сега се тестираат пациенти со симптоми, а со скринингот ќе се овозможи да го надградиме пристапот, кој ќе биде таргетиран на одредени критични групи вработени во здравствени институции, градинки и домови за стари лица за да се откријат асимптоматски носители. Па во таа ситуација би предложиле  мерки кои ќе важат само за тие групи кои сметаме дека се покритични и поризични односно ќе се открие присуство на вирус иако се асимптоматски – рече министерот.

 

Поврзани содржини