Били Ајлиш се извини за „анти-азиските“ стихови во песна
Ова извинување доаѓа навреме, бидејќи претседателот Џо Бајден потпиша закон со кој ќе се гони било каков говор на омраза против aзиската заедница во САД.
Младата пејачка Били Ајлиш јавно се извини за својот расизам, откако на Тик Ток протече видео во кое таа кажува „анти-азиски“ збор. Во пост на Инстаграм, Ајлиш рече дека била „шокирана и засрамена“ од клипот.
Се работи за песната „Фиш“ од Тајлер д Криејтор ( Tyler the Creator), од албумот Гоблин од 2011 година. Ајлиш, која сега има 19 години, вели дека кога ја снимала песната имала само 13 или 14 години и не знаела дека тој збор ја навредува азиската заедница низ светот.
– Без разлика на мојата игнорантност на времето, ништо не може да го оправдa фактот дека тоа беше навредливо. И за тоа се извинувам – напишала таа на Инстаграм.
Ајлиш се огласи и во врска со друго видео во кое таа е снимена како имитира разни акценти, велејќи дека тоа е нешто што го прави од малечка и дека погрешно е етикетирана во јавноста.
Ова извинување доаѓа навреме, бидејќи претседателот Џо Бајден потпиша закон со кој ќе се гони било каков говор на омраза против азиската заедница во САД. Ваквиот говор на омраза почна да се засилува со појавата на короната и случувањата во Вухан, додека Трамп уште беше претседател.