Имено, седумкратната добитничка на Греми сама го режирала спотот во кој танцува со другарките, скока, јаде брза храна и игра твистер, додека носи шорцеви, гаќи и ноќница со длабоко деколте.
Младата пејачка Били Ајлиш објави нов спот за песната „Lost Cause“, во кој покажа повеќе кожа од обично. Таа реши да се разголи и да ги открие облините.
Фановите се изненадени и згрозени бидејќи, оваа 19-годишната девојка во текот на својата кариера нагласуваше дека сака да го пренасочи вниманието на медиумите од нејзиното тело кон музиката, па ја својата фигура ја криеше облечена во преголеми маици и широки панталони.
„Песната е добра“, „Луѓе, дали сè уште дишете“, „Ти благодарам што ни го подари ова“, „Те сакам Били“, напишаа некои во коментарите, додека на други не им се допаѓаше тоа што пејачката го сменила својот имиџ.
„Кому му недостасува старата Били?“, „Ти повеќе не си Били“, „Си се променила, ми недостасува старата Били“, „Се тверкува, не ми се верува“, „Што ти направија?“, „Ова е лошо, воопшто не ми се допаѓа“, „ Ова е толку лошо, те молам, не биди кучка “, се само некои од коментарите на разочараните фанови.
Во април годинава, пејачката објави список со песни за нејзиниот долгоочекуван втор студиски албум, кој треба да излезе во јули 2021 година.
ФОТО: Вево