БИЛИ АЈЛИШ ИЗГУБИ 100.000 СЛЕДБЕНИЦИ „Луѓето се плашат од моите големи гради“ ФОТО
Луѓето се држат до нивните спомени (за мене) и се приврзани кон нив. Но, тоа е многу дехуманизирачко. Изгубив 100.000 следбеници, само поради градите. Луѓето се плашат од големи гради, изјави Били Ајлиш во интервју за „Elle“.
Како да не ѝ требаше да го облече својот нов корсет и да ги покаже големите гради – Били Ајлиш изгуби 100.000 следбеници на Инстаграм во неколку дена, само затоа што биле навредени од нејзиниот нов изглед. Едвај полнолетната Ајлиш(19) се пожали дека реакцијата била „дехуманизирачка“, а нејзините гради ги одбрани Мадона, пишува Јутарни.
Еве го корсетот на Били.
– Луѓето се држат до нивните спомени (за мене) и се приврзани кон нив. Но, тоа е многу дехуманизирачко. Изгубив 100.000 следбеници, само поради градите. Луѓето се плашат од големи гради – изјави Били Ајлиш во интервју за „Elle“.
„Нема повеќе да ја слушаме, треба да се откаже“, пишуваа фановите.
Фановите ја помнат Ајлиш од нејзините почетоци, кога таа имаше тотално урбан стил, зелено праменче во косата и носеше широка спортска облека. Беа ли безмилосни фановите кон неа?
Во одбрана на Били, се јави кралицата на попот, Мадона:
„Проблемот е што ние сè уште живееме во многу сексистички свет каде што жените се категоризирани. Вие сте или во категоријата девици или во категоријата „проститутки“. Били првично беше во категоријата несексуализирани, таа не им попушта на масите и таа во никој случај не ја злоупотребуваше својата сексуалност. На крајот на краиштата, таа беше тинејџерка цело време. Ако таа сака да се фотографира себеси како женствена девојка, покажувајќи го своето тело онака како што тоа не го правела порано, тогаш зошто треба да биде казнета за тоа? Жените би требало да можат да се прикажат себеси како што тие сакаат. Ако Били беше маж, никој немаше да пишува за ова. Еден маж може да се појави облечен во костум и вратоврска во првите три години од неговата кариера, а потоа следниот месец може да биде облечен како Принц или Мик Џегер, да ја соблече кошулата, да носи шминка под очните капаци и никој не би рекол ниту збор за тоа“, рече Мадона.
Еве како изгледаше Били само до пред некое време.
Billie is nominated for 5 @MTV #VMAs.
Best Pop (“Therefore I Am”)
Best Latin (“Lo Vas A Olvidar”)
Video For Good (“Your Power”)
Best Direction (“Your Power”)
Best Cinematography (“Therefore I Am”)Vote daily at https://t.co/kivePzSC27 https://t.co/07HB2RD7tH
— billie eilish (@billieeilish) August 12, 2021