БИЛИ АЈЛИШ ИМАЛА КОШМАРИ ОД ГЛЕДАЊЕ ПОРНО-ФИЛМОВИ Имав само 11 години, мислев дека така треба

Не разбрав зошто тоа е лоша работа. Mислев дека така се учи како да се има секс, рече Ајлиш за гледањето, додавајќи дека нејзината мајка била „згрозена“ кога ѝ кажала.

3,658

Пејачката Били Ајлиш опишала како претрпела кошмари откако била изложена на „навредлива“ порнографија од 11-годишна возраст. Говорејќи за SiriusXM, 19-годишната девојка рече дека сега е „уништена“ кога размислува за нејзината изложеност на содржината, пишува Би-Би-Си.

Ајлиш рече дека искуството ја навело да „не кажува не на работи кои не биле добри“ кога почнала да има секс.






– Тоа беше затоа што мислев дека тоа е она што треба да ме привлече – изјави добитничката на Греми.

Ајлиш, која тукушто ќе наполни 20 години, голем дел од својот тинејџерски живот го помина во очите на јавноста. Таа создаде репутација со својот широк стил на облекување и редовно зборува за имиџот на телото и за сексуализирањето додека растела.

Темата за порнографија се наметна во интервјуто, бидејќи порното се споменува во песната „Male Fantasy“, од нејзиниот албум „Посреќна од било кога“.

Били Ајлиш се справува со посрамотувањето на телото на нејзината турнеја во САД. Таа му кажа на интервјуерот Хауард Стерн дека сега мисли дека порното „е срамота“ откако гледала содржина што ја опишала како „насилна“ и „навредлива“ додека растела.

Ајлиш особено го критикуваше начинот на кој порнографијата може да ги прикаже женските тела и сексуалните искуства.

– Не разбрав зошто тоа е лоша работа. Mислев дека така се учи како да се има секс – рече Ајлиш за гледањето, додавајќи дека нејзината мајка била „згрозена“ кога ѝ кажала.

Пејачката и текстописец рече дека верува дека гледањето на содржината додека била толку млада ѝ го „уништило“ мозокот и ја натерало да трпи кошмари.

Според Ајлиш, проблем е што порното може да предизвика пошироки сфаќања за тоа што е нормално за време на сексот, вклучително и околу тоа дали некој ќе прифати да има секс или не.

Поврзани содржини