БИЛЕ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА, НО СЕ ШЕТАЛЕ Полицијата им ги објави иницијалите и им пиша кривични
Денешниот билтен изобилува со такви случаи. Најголем дел од нив се од Тетово и Гостивар каде што има и најголемо ширење на заразата.
Стана секојдневие позитивни на ковид-19 на кои им е одредена изолација, полицијата да ги најде на улица. Денешниот билтен изобилува со такви случаи. Најголем дел од нив се од Тетово и Гостивар каде што има и најголемо ширење на заразата. Но оваа состојба која е загрижувачка ја има и во други градови.
Полицијата на сите им поднесе кривични пријави, но колку тие заразиле други сограѓани не се знае бидејќи не се знае и колку време престојувале надвор од домот и со кого се среќавале.
Кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болет’’ СВР Тетово поднесе против Ф.И.(27) од с.Морина. Неа на 18.август полициски службеници не ја нашле дома при извршиена .Таа била во домашна изолација и лекување како потврден позитивен случај на ковид-19.
Кривични пријави се поднесени и против Н.С.(20) и Р.С.(51), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болет’’. Полицијата и нив не ги нашла дома , а имале решенија за домашно лекување и изолација како позитивни на ковид-19.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А. од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. И тој иако требало да биде во изолација и домашно лекување се шетатл надвор од својот дом.
Кривична пријава е поднесена и против А.С.(19) од с.Џепчиште, В.Е.(22) од с.Челопек, против А.М.Л.Д. (42) од с.Џепчиште, тетовско, потоа против Х.А.(25) од с.Дебреше, гостиварско и Ш.Д.(48) од с.Сенокос, гостиварско.
Сите во текот на август биле откриени дека иако биле во изолација се шетале надвор од домот.