БИЛЕ НА МЕДЕН МЕСЕЦ ВО ИТАЛИЈА Загина трудница од Сплит, нејзиниот сопруг е на интензивна нега
Антонела Баковиќ (24) настрадала, а нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден во кобната сообраќајка несреќа која синоќа се случи кај Венеција.
Антонела Баковиќ (24) настрадала, а нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден во кобната сообраќајка несреќа која синоќа се случи кај Венеција, Италија, која автобус со туристи падна од надвозник и се запали.
Хрватските медиуми пишуваат дека Антонела и Марко се венчале пред дваесетина дена и ја избрале Венеција како дестинација за својот меден месец. Неофицијално, Антонела била во петтиот месец од бременоста.
Марко во моментот се наоѓа на интензивна нега во болница во Венето.
Во синоќешната сообраќајка загина 21 турист.