🎥 БИЛБОРД НА ТАРАВАРИ Е ЗАПАЛЕН КАЈ ЗООЛОШКА Се знае која партија има насилници, обвини „Вреди“

367

Билборд на кандидатот за претседател Арбен Таравари на коалицијата „Вреди“, поставен во близина на скопската Зоолошка градина, ноќеска по полноќ бил запален.

Коалицијата „Вреди“, која информираше за случајот, вели дека виновниците мора да бидат казнети со закон, а ќе бидат тешко казнети и со гласање. Најавија дека билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат.

„Денеска на полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи“, соопштија од Коалицијата.

Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи.

Коалицијата го повика народот да почека уште неколку недели.

„Изборите се ближат, насилниците си заминуваат“, порачаа од „Вреди“.

Поврзани содржини