Била толку популарна што не станувала од кревет за помалку од 10.000 долари: Денес изгледа сосема поинаку ФОТО
Канадската манекенка и еден од највлијателните супермодели на 90-тите години, Линда Еванџелиста, утре полни 55 години.
Кога имала 16 години, оваа убавица се натпреварувала на изборот за „Miss Teen Niagara“ каде не освоила ниту една награда, но „му паднала во око“ на еден ловец на модели.
Линда ја открил ловец на таленти од „Елит модел менаџмент“, а во Њујорк се преселила во 1984 година.
На врвот од својата кариера станала муза на фотографот Стивен Мејзел и дизајнерот Џани Версаче, како и Карл Лагерфелд.
Сите нејзините соработници ја опишувале како девојка која е посветена на работата, а во текот на кариерата красела над 700 насловни страници ширум светот и заработила огромна количина на пари.
Бројни модни критичари се согласуваат дека Линда е една од најдобрите манекенки во историјата на модата, а Еванџелиста во текот на кариерата беше позната и по своите изјави, од кои не сите беа добро прифатени во јавноста.
– Можам да правам што и да посакате, сè додека не морам да зборувам – рекла своевремено Линда.
Сепак, нејзината изјава од октомври 1990 година кога рекла дека „не станува од кревет за помалку од 10.000 долари“ влегла во историјата, но не по добро.
Откако се пензионираше, обожавателите ширум светот ја критикуваат дека таа повеќе не личи на себе бидејќи во последните 5 години се здебелила повеќе од 15 килограми и дека лицето ѝ е променето од ботокс и филери.
Еве како изгледа Линда Еванџелиста денес: