БИЛА ПСИХИЧКИ И ФИЗИЧКИ МАЛТРЕТИРАНА ОД ТАТКО Ѝ Тешко повредена 19-годишна девојка по пад од балкон

Таткото на 19-годишната девојка од Тетово сам се пријави во полиција по инцидентот кога девојката падна од балкон, а полицијата истражува семејно насилство.

527

Тетово беше потресено по трагичниот инцидент во кој 19-годишна девојка падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо. Девојката веднаш беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 март во 21:20 часот, таткото на девојката, 47-годишниот А.А., сам се пријавил во СВР Тетово. „Со него беше извршен службен разговор. Досегашната истрага покажува дека девојката била психички и физички малтретирана од својот татко“, информираат од полицијата.






Од МВР додаваат дека по насока на јавен обвинител, А.А. бил пуштен, а по целосно документирање на случајот ќе следи поднесување на соодветна пријава.

Поврзани содржини