Била прогласена за мртва од ковид-19, и се вратила дома девет дена по погребот
Според „Reuters“, настанала конфузија поради која семејството на Рожелија Бланко добило повик дека таа починала од вирусот ковид-19, а поради пандемиските мерки, тие не можеле да бидат присутни на погребот.
Една 85-годишна жена од Мадрид чие семејство мислеше дека починала од коронавирусот ги изненади своите најблиски кога се врати во домот за стари лица, девет дена по погребот.
Според „Reuters“, настанала конфузија поради која семејството на Рожелија Бланко добило повик дека таа починала од вирусот ковид-19, а поради пандемиските мерки, тие не можеле да бидат присутни на погребот.
Сè започнало кога Рожелија добила позитивен резултат на тест за ковид-19, и била пренесена со други заразени станари на домот во друг дом специјализиран за лекување. Конфузијата настанала по смртта на жената која била со Рожелија во собата и по грешка било забележано дека таа починала.
Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокираше и нејзиниот сопруг Рамон, кој живее во истиот дом за стари лица.
– Не можев да верувам. Тагував за смртта на сопругата – изјави Рамон за локалните медиуми.