Бил позитивен на коронавирусот 290 дена, се тестирал 43 пати

Едно од можните објаснувања за толку долгата инфекција е фактот дека имунолошкиот систем му станал максимално ранлив бидејќи претходно оболел од леукемија, поради што е лекуван со хемотерапија.

388

Британските научници проучуваат случај на маж од Бристол кој успеал да оздрави откако 290 дена бил позитивен на коронавирусот, а во тој период е тестиран 43 пати, односно секоја недела.

Седумдесет и двегодишниот Дејв, инструктор за возење и музичар, полни 10 месеци имал активна инфекција со коронавирусот и седум пати поради влошување на здравствената состојба морал да оди на болничко лекување, пренесува BBC.






Едно од можните објаснувања за толку долгата инфекција е фактот дека имунолошкиот систем му станал максимално ранлив бидејќи претходно оболел од леукемија, поради што е лекуван со хемотерапија.

Дејв на крај е излечен од коронавирусот со новиот микс на антивирусни лекови кои ги обезбедила американската компанија Регенерон.

Научниците од Универзитетот во Бристол сега го проучуваат тој случај и се обидуваат подобро да разберат на кој се начин коронавирусот мутира во човечкиот организам.

Поврзани содржини