БИЛ ЛИ ВИКТОР ДИМОВСКИ ВО „СРПСКИ ЏЕБ“? Викиликс го „закла“ директорот на АНБ, открива Ковачки
Ова ли е таа реформирана служба? Ова ли е реформираната АНБ предводена од Директор кој мисли дека е над народните избраници и чија основна задача е да одработува против опозицијата? Кој му даде право на директорот да се впушта во политика и да озборува пратеници на прес конференција?, прашува Ковачки.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на својот Фејсбук профил објави дел од Викиликс на Џулијан Асанж, каде што пишува дека Директорот на АНБ, Виктор Димовски во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.
– Ова е истиот директор Димовски кој Ковачевски сѐ уште го држи на позиција (да дозаврши уште што остана) и кој откако пратеници на ВМРО-ДПМНЕ побараа негова одговорност за случајот со издавањето на државјанство на рускиот шпион, рече дека го проверувал пратеничкиот морален кредибилитет. Ова ли е таа реформирана служба? Ова ли е реформираната АНБ предводена од Директор кој мисли дека е над народните избраници и чија основна задача е да одработува против опозицијата? Кој му даде право на директорот да се впушта во политика и да озборува пратеници на прес-конференција? – прашува Ковачки.
Тој го запраша премиерот Ковачевски дали гледа како се однесува за „ништо виновниот“ Директор и зошто дозволува државата дополнително да губи на меѓународен углед?
Пратеникот Ковачки побара Директорот на АНБ, Виктор Димовски да биде разрешен веднаш, а исто така да поднесе одговорност за својата работа.