Бил Гејтс: Вакцина против коронавирусот ќе има за 18 месеци, парите не се проблем

1,560

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, вели дека за вакцината против ковид-19, најверојатно ќе бидат потребни 18 месеци, но дека парите не би требало да бидат проблем за нејзино развивање.

– За развивање на вакцина обично се потребни пет или шет години – рекол Гејтс за Би-би-си, но додал дека поради брзината на ширењето на глобалната пандемија, тој процес мора да биде побрз.






Тој најавил дека парите нема да бидат пречка за вакцината и открил дека е среќен што ќе продолжи да донира средства, пренесува „Дејли мејл“.

– Правиме сè што можеме. Ќе пишуваме чекови побрзо од тоа што го можат многу влади. Парите не треба да бидат ограничување – рекол Гејтс.

Меѓутоа, напоменал дека ќе има помалку сигурни тестови од вообичаено, за да може да се дојде до вакцината што побрзо.

– Владите ќе мора да одлучат – додал тој.

 

Двајца угледни британски научници, двајцата со титула Сер, различно ги проценија временските можности кога би можело да се дојде до вакцината за ковид-19.

Професорот Бел рекол дека тестирањата ви можеле да се завршат до средината на август, но предупредил дека производството на повеќе милијарди дози вакцини ќе биде вистински предизвик.

 

Поврзани содржини