Бил Гејтс со нова прогноза: Нема враќање во нормала до 2022 година, кафулињата и рестораните мора да одат под клуч

Милијардерот изјави за Си-Ен-Ен дека постои ризик од враќање на вирусот ако не им се помогне на другите земји да се ослободат од овие болести и ако стапките на вакцинација во САД не се високи.

1,530

Милијардерот и коосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, смета дека враќањето во нормала за САД е подалеку отколку што луѓето очекуваат и покрај вакцината за ковид-19, која беше одобрена и дистрибуирана во текот на оваа недела.

Гејтс, кој инаку донираше милиони за вакцинација преку неговите фондации, рече дека до летото 2021 година САД треба да бидат многу поблиску до нормалното отколку што се сега, но дека целосното враќање во нормала е веројатно можно само по 2022 година.






Милијардерот изјави за Си-Ен-Ен дека постои ризик од враќање на вирусот ако не им се помогне на другите земји да се ослободат од овие болести и ако стапките на вакцинација во САД не се високи.

Гејтс смета дека треба да продолжат да се забрануваат големи јавни собири и рече дека за жал, повеќето кафулиња и ресторани во земјата треба да бидат затворени за борбата против пандемијата.

– Кафулињата и рестораните во САД треба да бидат затворени во следните четири до шест месеци. Вистинското враќање во нормала е можно само по 12-18 месеци доколку се направи сè што е потребно за борба против инфекцијата. Исто така, агрижен сум и за неподготвеноста на претседателот Доналд Трамп да ги признае претседателските избори во САД, а тоа ја отежнува дистрибуцијата на вакцините. Трансферот на моќ го комплицира сето ова, но новата администрација е подготвена да се потпре на вистински експерти наместо да ги напаѓа тие експерти – изјави Гејтс.

Поврзани содржини