Бил Гејтс: Следната пандемија пристигнува во 2025 година! ВИДЕО

Следува „Пандемија 2“, а тоа ќе биде биотерористички напад. Моите проценки се дека ќе се случи некаде околу 2025 година - истакна Гејтс.

2,268

Гостувајќи во емисијата „Лејт шоу“, сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, најави нова пандемија којашто, според него, би го погодила светот за 5 години, односно во 2025 година.

– Следува „Пандемија 2“, а тоа ќе биде биотерористички напад. Моите проценки се дека ќе се случи некаде околу 2025 година – истакна Гејтс.






Тој зборува и за актуелната пандемија со коронавирусот, како и за својата фондација која е ангажирана на пронаоѓањето вакцина против ковид-19.

– Поради коронавирусот ќе живееме вака до летото. Но, до тој период ќе ни биде потребно чудо. Ефектот на вакцината ќе може да го видиме подоцна. Се плашам дека вистинската корист од тоа ќе може да се забележи за две години – на лето. Никој не добива од ова, туку сите губиме – посочува Гејтс.

Погледнете го видеото:

Поврзани содржини