Бил Гејтс прогнозира дека ќе куртулиме од коронавирусот до крајот на 2022 година

Гејтс, кој ги финансира медицинските истражувања и изумот на вакцината против коронавирус преку својот фонд, не е претерано оптимист.Тој е свесен дека дури и ако се оствари неговото предвидување, пандемијата ќе се поврати во многу земји во светот.

988

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ вели дека крајот на пандемијата секоја земја ќе го дочека  различно, а ќе зависи од тоа дали станува збор за земји во развој или побогати, како САД.

„Нацртот за иновации за подобрување на дијагностиката, новите терапии и вакцината, е всушност многу импресивен. И заради тоа, мислам дека пандемијата во голема мерка, особено во богатите земји, би можела да заврши уште кон крајот на 2021 година. Во целиот свет, тој рок ќе биде продолжен до крајот на 2022 година“, истакнува Гејтс во интервју за списанието Wired.






Гејтс, кој ги финансира медицинските истражувања и изумот на вакцината против коронавирус преку својот фонд, не е претерано оптимист.Тој е свесен дека дури и ако се оствари неговото предвидување, пандемијата ќе се поврати во многу земји во светот.

Во интервјуто, Гејтс остро го критикува американскиот систем за тестирање на коронавирус и изрази фрустрација за тоа како претседателот Доналд Трамп и неговата администрација ја третираат целата ситуација. Ова не е прв пат Гејтс да ја критикува работата на администрацијата на Трамп за време на пандемијата.

Тој верува во пронаоѓањето на вакцини, но посочува дека некои вакцини ќе им помогнат само на богатите и во развиените земји ширум светот.

„Оваа болест, според првичните податоци за тестирање на вакцини врз животни и податоците за тестирање од првата фаза, се чини дека е многу излечива со вакцина“, истакнува Гејтс.

Што се однесува до лекувањето на оние кои се веќе заразени, Гејтс зборувал за антивирусни лекови како што се ремседивир и кортикостероидот дексаметазон.

„Другите антивирусни лекови ќе дојдат за два до три месеци. Веќе имаме некои фактори за подобрување во болниците, поради употребата на ремседивир и дексаметазон. Другите лекови ќе им бидат додадени на гореспоменатите“, вели Гејтс.

Поврзани содржини