🎥 БИЛ ГЕЈТС ПОМИНА ЕДЕН ДЕН ВО БРИСЕЛСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА Што го натера основачот на Мајкрософт на овој бизарен чекор?
Ја истражував скриената историја на бриселскиот канализациски систем и улогата на отпадните води во глобалното здравје - напиша основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс во објавата од неговото необично истажување во подземјето на Брисел.
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, помина еден ден во бриселската канализација и своето искуство го сподели на социјалните мрежи. Повод за овој необичен чекор на американскиот милијардер беше одбележувањето на Светскиот ден на тоалетите.
„Ја истражував скриената историја на бриселскиот канализациски систем и улогата на отпадните води во глобалното здравје“ – напиша основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс во објавата од неговото необично истажување во подземјето на Брисел.
Тој објави необично видео, во кое покажа делови од сложениот подземен лавиринт, како и експонатите на Музејот за отпадни води.
View this post on Instagram
Во споменатиот музеј се чуваат експонати и документи кои ја документираат историјата на градскиот систем за отпадна вода, која во 19.век завршувале во реката Сена. Тоа довело до страшна епидемија на колера.
Денес отпадните води од белгиската метропола се прочистуваат со софистициран систем кој се протега на стотици километри.