Бил Гејтс: Најсмртоносниот инсект не отиде на одмор за време на пандемијата со коронавирус (ВИДЕО)
„Како што се шири ковид-19 во светот, важно е да се потсетиме дека најсмртоносниот инсект на светот не отишол на одмор за време на пандемијата“, напиша Гејтс на својот блог.
Бил Гејтс основачот на Мајкрософт и филантроп на својот блог GatesNotes објави нова видеопорака во која наведува дека пандемијата на коронавирус потсетува на причините поради кои човештвото мора да ја елиминира смртоносната болест која ја предизвикуваат комарците – маларијата.
„Комарците не практикуваат социјална дистанца. Не носат маски. Како што се шири ковид-19 во светот, важно е да се потсетиме дека најсмртоносниот инсект на светот не отишол на одмор за време на пандемијата“, напиша Гејтс на својот блог.
Според него, комарците ги боцкаат луѓето секој ден и инфицираат милиони луѓе со маларија.
– Тоа е болест која убива едно дете секоја минута секој ден. Многу од овие смртни случаи се случуваат во најсиромашните змеји во светот, кои имаат најслаб здравствен систем, а сега се соочуваат и со дополнителен терет – запирањето на пандемијата на коронавирусот. Во многу од овие земји врвот на бројот на случаи на ковид-19 се очекува во најлошо време – на врвот на сезоната на трансмисија на маларијата – предупреди Гејтс.
Тој додава дека во текот на епидемијата со ебола во 2014 година во Западна Африка ендемските болести како туберкулоза и СИДА донеле многу повеќе смртни случаи од самата ебола бидејќи епидемијата на таа болест ги сруши здравствените системи,
– Лекарите сега се плашат истото да не се случи и со ковид 19 – наведе основачот на Мајкрософт.