БИЛ ГЕЈТС ГИ ОТКАЖАЛ НОВОГОДИШНИТЕ ПЛАНОВИ ПОРАДИ ОМИКРОН 2021 му била најлоша година во животот
Претходно овој месец, Гејтс напиша на својот блог дека 2021 година беше најтешката година во неговиот живот, а причината за тоа се неговиот развод со Мелинда Френч Гејтс по 27 години брак, осаменоста на пандемијата и празното гнездо на неговиот дом, од кој си отишле неговите деца да студираат. Најстарата ќерка Џенифер се омажила во октомври.
Бил Гејтс, еден од десетте најбогати луѓе во светот, на Твитер објави дека ги откажал своите новогодишни планови поради омикрон-сојот на коронавирусот, а призна и дека 2021 година му била најлоша година до сега во животот. Контроверзниот милионер смета дека зимскиот бран на омикрон-сојот ќе трае помалку од три месеци, но дека би можел да биде лош, пишува Си-Нет.
„Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, би можеле да влеземе во најлошиот дел од пандемијата“, напиша Гејтс. „Омикрон ќе се вдоми кај сите нас. Моите блиски пријатели веќе го имаат, а јас ги откажав повеќето од моите планови за одмор“, напишал Гејтс.
Гејтс, обично ги објавува своите мисли на блогот GatesNotes, но овојпат напиша неколку твитови.
Just when it seemed like life would return to normal, we could be entering the worst part of the pandemic. Omicron will hit home for all of us. Close friends of mine now have it, and I’ve canceled most of my holiday plans.
— Bill Gates (@BillGates) December 21, 2021
„Дури и ако е само половина пати потежок од бранот што го имавме со делта-сојот, ова ќе биде најлошиот бран што сме го виделе досега бидејќи е толку заразен“, додаде тој во следниот твит.
Претходно овој месец, Гејтс напиша на својот блог дека 2021 година беше најтешката година во неговиот живот, а причината за тоа се неговиот развод со Мелинда Френч Гејтс по 27 години брак, осаменоста на пандемијата и празното гнездо на неговиот дом, од кој си отишле неговите деца да студираат. Најстарата ќерка Џенифер се омажила во октомври.
Тој ги охрабри читателите да продолжат да носат маски, да избегнуваат големи собири во затворен простор и да се вакцинираат и да се зајакнат. И додека вакцинираните луѓе можеби пак ќе бидат заразени, според милијардерот, вакцините ќе ги заштитат од најлошото од болеста.
„Вакцините се дизајнирани да ги спречат луѓето сериозно да се разболат или да умрат и тоа добро го прават“, заклучува Гејтс.