Бил дилер само 10 минути! Не успеал ни да ја продаде дрогата, веднаш го уапсиле
Тој беше уапсен минатата година за време на состанок со неговите први клиенти, помалку од 10 минути откако излегол на улица.
Зико Олдам (20) од Велика Британија може да се пофали дека тој е човекот кој се занимавал со трговија со дрога за најкратко време во светот.
Тој беше уапсен минатата година за време на состанок со неговите први клиенти, помалку од 10 минути откако излегол на улица.
Полицијата во цивилна облека ги виде трите сомнителни момци „како се обидуваат да завршат нешто“ и веднаш им стави лисици на рацете. Кај Олдам пронашле 90 фунти во готовина и хероин и кокаин со вкупна вредност од околу 610 фунти. Во џебот имал и два мобилни телефони, а едниот бил наменет за повици на клиенти.
Излегува дека тој успеал да добие само еден повик на тој специјален мобилен телефон, а тоа било од момците кои биле уапсени заедно со него.
Неговиот адвокат Џој Мерием, бранејќи го на суд, рече дека Зико е „нов во бизнисот“ и дека веднаш стигнал до крајот.
– Неговата мајка дури мисли дека сè е наместено за него, бидејќи тој беше уапсен по само 10 минути – рече адвокатот во судот, пренесува „Мирор“.
За ова дело тој е осуден на две години затвор. Олеснителна околност е дека ова е негово прво запишано кривично дело. Сепак, судијата Томас беше лут што „здрав и исправен млад човек, кој самиот не консумира наркотични средства, реши да труе деца за да заработи нешто“. Затоа, наместо условна казна, изрече затворска казна, со надеж дека Зико ќе се „освести“.