Биелса останува да му биде тренер на Алиоски и во Премиерлигата

ваа сезона ќе работам во Лидс Јунајтед. Сè е договорено и ќе бидам тука. Одлучено е, рече Биелса

352

Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса објави дека ќе продолжи да го води тимот и во сезоната 2020/2021.

– Оваа сезона ќе работам во Лидс Јунајтед. Сè е договорено и ќе бидам тука. Одлучено е, рече Биелса, цитиран од „Скај Спортс“.






Под водство на аргентинскиот стручњак, Лидс заврши прв во Чемпионшип дивизијата и се врати во елитата на англискиот фудбал по пауза од 16 години. Тогаш една од улиците во градот беше преименувана во чест на Биелса.

Новата сезона во Англија започнува на 12 септември. Во првото коло од Премиер лигата, Лидс игра со шампионот Ливерпул на „Енфилд“.

Поврзани содржини