„Биди безбедна” прва мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство
Апликацијата е достапна за користење од сите паметни телефони.
Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.
Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика жртвтвите со вклучување на геолокаторот го испраќаат својот мобилен телефонски број и точната локација на која што се наоѓаат до Националната СОС линија за жртви на семејно насилство. Веднаш потоа, жртвата ќе биде исконтактирана од одговорните лица.
„Преку опцијата ,,Важни контакти” може да се исконтактираат сите институции и здруженија на граѓани кои даваат помош и поддршка на жртвите на сите видови на родово базирано насилство.Оваа апликација нуди многу можности, вклучувајќи ја и опцијата корисниците да си изберат броеви за поддршка од својот именик, член од семејството, личност од орган, институција, невладина организација или било која друга личност на која ѝ веруваат“, појаснуваат од Министерството.
Исто така апликацијата има едукативни и информативни содржини, вклучувајќи информации за правата на жртвите, практични совети за заштита, лични сведоштва на жртвите, како и целиот протокол за меѓусебна соработка на надлежните институции и здруженија за заштита и спречување од семејно насилство.
Апликацијата е достапна за користење од сите паметни телефони.