БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ Пораката за испорака на пратки е измама!
Стотици граѓани во Македонија на телефоните добиле СМС порака која е наводно испратена од Пошта за повторна испорака и нарачка што подлежи на царина.
Предупредување до граѓаните да бидат внимателни доколку добијат СМС порака која е наводно испратена од Пошта. Станува збор за измама!
Стотици граѓани во Македонија денеска добиле СМС порака која е наводно испратена од Пошта за повторна испорака и нарачка што подлежи на царина. Пораките, во најголем дел, биле праќани синоќа и денеска наутро.
Се предупредуваат граѓаните да не ја отвораат посочената адреса за наводна „повторна испорака“.