БИДЕТЕ СОВЕСНИ, ВОЗЕТЕ БЕЗБЕДНО ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ! Совети за возење на снег

Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата.

80

Возењето во услови на врнежи од снег и ниски температури има низа предизвици кои возачите треба да ги имаат предвид за да се сочува и нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата советува:






во возилото секогаш носете зимска опрема (ланци за снег, метла, чистач за мраз на ветробранско стакло и сл.),

возилото секогаш да биде добро исчистено од снежните наноси (особено прозорците и ретровизорите),

проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло и сл.,

користете зимски гуми,

исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото,

возете внимателно и со намалена брзина,

одржувајте растојание од другите возила,

избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот.

 

Поврзани содржини