БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА Досега нема загрозен наш државјанин од пожарите

На грчкиот остров Евија се наоѓа еден државјанин на Македонија и тој е далеку од ризичната зона, а другите државјани биле евакуирани од ризичните во безбедни локации, во неделата, на 8 август.

311

Министерството за надворешни работи денеска упати апел за претпазливост при патување или престој во Грција поради ситуацијата со пожарите и информира дека досега ниту еден наш државјанин не побарал помош.

Како што велат од МНР, на грчкиот остров Евија се наоѓа еден државјанин на Македонија и тој е далеку од ризичната зона, а другите државјани биле евакуирани од ризичните во безбедни локации, во неделата, на 8 август.






Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција преку социјалните мрежи,благовремено упатија апел до државјаните на Македонија за претпазливост при патување или престој во Грција заради ситуацијата со пожарите, а при евентуална потреба да ги контактираат македонската амбасада во Атина (+ 30 694 52 82 251, +30 695 51 91 321, +30 694 47 43 071, +30 210 67 49 585) и Генералниот конзулат во Солун (+30 698 72 00 410).

Поврзани содржини