Библијата му го спасила животот на ова момче во Нагорно-Карабах (ФОТО)

На социјалните мрежи се појавија фотографии од момчето кое во моментов се опоравува во болница, а исто така беа објавени фотографии од Светото писмо на кои се гледа како е забиен шрапнелот.

524

Еден млад човек од Нагорно-Карабах имал голема среќа за време на гранатирањето на црквата „Исус Спасителот“. Како што објавија тамошните медиуми, верникот бил спасен од Библијата во која се забил шрапнел од граната, кој сигурно ќе бил фатален по него.

Младиот Ерменец бил внатре во црквата која беше гранатирана од страна на азербејџанската армија, а во рацете држел Библија во која се забил шрапнелот. На социјалните мрежи се појавија и фотографии од момчето кое во моментов се опоравува во болница, а исто така беа објавени и фотографии од Светото писмо на кои се гледа како е забиен шрапнелот.

Поврзани содржини