БИЈОНСЕ СО ХИТ ЗА „ОСКАР“ Песната е снимена за новиот филм на Вил Смит

Новата песна на Бијонсе, која сѐ уште не е официјално објавена, оди со одјавата на крајот од филмот и според многумина е пријатно изненадување.

203

Американската пејачка и глумица Бијонсе ја напиша и сними песната „Be Alive“ за спортската драма на Вил Смит, „Кинг Ричард“, пишува „Лос Анџелес тајмс“.

Светската премиера на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Телурид, Колорадо, САД, претходно овој месец. Новата песна на Бијонсе, која сѐ уште не е официјално објавена, оди со одјавата на крајот од филмот и според многумина е пријатно изненадување. А, познавачите велат дека Бијонсе веројатно ќе биде номинирана и за „Оскар“ за оваа песна.






Музичарот Дариус Скот, попознат по прекарот Диксон, меѓу другите, работел со Бијонсе на песната.

Филмот на Вил Смит е биографија на Ричард Вилијамс, строгиот и дисциплиниран татко и тренер на американските тениски ѕвезди Серена и Венус Вилијамс.

Поврзани содржини