Бијонсе со девет номинации на „Греми“ наградите

285

Музичката ѕвезда Бијонсе освои намногу – девет номинации за доделувањето на следните „Греми“ награди. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите денеска.

Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста. Добитниците ќе бидат објавени на 31 јануари следната година.






Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната награда – Албум на годината – заедно со Пост Мелоун, „Колдплеј“, Хаим, Џејкоб Колиер, Блек Пума и „алтернативната ар-ен-би“ пејачка Џене Аико.

Бијонсе е присутна во номинациите, главно поради песната „Black Parade“, која ја слави црнечката култура и активизмот, а беше пуштена за време на минатогодишните протести против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците. „Black Parade“ ќе се натпреварува за песна и за спот на годината, заедно со „Don’t Start Now“ на Дуа Липа.

Албумот на Тејлор Свифт – „Folklore“ е номиниран за албум на годината, а нејзината „Cardigan“ – за песна на годината.

Во категоријата Најдобар нов изведувач се најдоа раперите Меган Ди Сталион и Доџа Кет, како и алтернативната уметница Фиби Бриџерс.

Поврзани содржини