Бијонсе ја рекламира спортската облека од сопствениот бренд

377

Познатата пејачка во средата објави на својот профил на Инстаграм низа фотографии на кои ја промовира својата најнова колекција на спортска облека „Дрип 2“,  „Адидас х Ајви парк“, која содржи нова, смела палета на бои.

Бијонсе позира облечена во неколку парчиња во розова, неонско жолто-зелена, сина и медова боја од втората колекција „Дрип 2“ на брендот.






Пејачката ги повика своите следбеници да ја погледнат новата колекција на официјалната веб страна на спортскиот бренд „Адидас“.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини