БИЈОНСЕ НЕ УСПЕА ДА ГИ РАСПРОДАДЕ КОНЦЕРТИТЕ ВО ЛОНДОН Пајечката им ги подели влезниците на сиромашните
Откако не успеала да ги распродаде сите билети за нејзините шест концерти во Лондон како дел од турнејата „Каубој Картер“ (Cowboy Carter), 43-годишната Бијонсе одлучила да ги донира празните седишта во добротворни цели.
Откако не успеала да ги распродаде сите билети за нејзините шест концерти во Лондон како дел од турнејата „Каубој Картер“ (Cowboy Carter), 43-годишната Бијонсе одлучила да ги донира празните седишта во добротворни цели.
На трибините на стадионот „Тотенхем Хотспур“ во Северен Лондон останале непополнети седишта.
Британски „Сан“ пишува дека Бијонсе ги пподелила тие билети на оние за кои концертот би бил недостижен луксуз – семејства со пониски приходи, преку локални хуманитарни здруженија. Музичката дива настапува во Лондон шест пати во текот на јуни: 5, 7, 10, 12, 14 и 16 јуни.
Иако стадионот може да прими околу 62.000 луѓе, сè уште имало стотици достапни билети за третиот концерт, кој се одржа синоќа, а наводно дури 75 сектори останале непополнети.
За првиот концерт, цените се движеле од 71 фунта за седишта со ограничен поглед до 278 фунти за подобри седишта. Ова е во спротивност со нејзината турнеја „Renaissance“ минатата година, кога билетите во Велика Британија беа распродадени за само неколку минути.
Слично било и во САД, каде што продажбата на билети исто така не била толку брза како што се очекувало. Нејзиниот тим сè уште не коментирал за овие обвинувања.