БИЈОНСЕ Е НАЈГОЛЕМАТА ПОП ЅВЕЗДА НА 21 ВЕК Тејлор Свифт е втора

164

Влијателниот музички магазин „Билборд“ ја прогласи  Бијонсе за број 1 најголема поп-ѕвезда на 21-от век, на второто место во изборот  е Тејлор Свифт, а трета е Ријана.

Во образложението, уредничкиот колегиум на „Билборд“ вели дека ја избрале Бијонсе „врз основа на нејзиното 25-годишно влијание“.

„Додека Тејлор Свифт е најголемата поп-ѕвезда на овој век во однос на бројките, Бијонсе го води изборот на нашиот уредник благодарение на нејзиното 25-годишно влијание, еволуција и релевантност“, објаснува „Билборд“.

Бијонсе е најнаградуваниот изведувач во историјата на Греми наградите со вкупно 32 победи. Претходно годинава,  таа стана и најноминирана изведувачка на сите времиња (99), откако доби 11 номинации за Греми за нејзиниот последен албум „Каубој Картер“.

„Големината на Бијонсе како поп-ѕвезда е во тоа што можете да ја гледате на сцената половина минута и веднаш да препознаете дека поседува сѐ: талент, вокал, блескава убавина, беспрекорна мода. Малкумина уметници во овој период можат да се споредуваат со неа во која било од клучните категории – комерцијален успех, способности за изведба, признанија, влијание врз индустријата“, образложи списанието.

 

 

Поврзани содржини