📽️БИ ОДЕЛ ДО КРАЈ АКО ПУТИН КАЖЕ „НЕ“ Сенаторот близок до Трамп испрати студена порака

Би одел до крај ако Путин каже не , нагласи сенаторот Линдзи Греам додавајќи дека Русија „ќе продолжи со нападите врз Донбас сè додека не почувствува вистински притисок“.

677

Американскиот сенатор Линдзи Греам, долгогодишен сојузник на Доналд Трамп, повика на радикално заострување на односите со Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин го отфрли предлогот за мировно решение. Во интервју за Ен-Би-Си, тој рече дека „ако Путин каже не, мора драстично да ја смениме играта“.

Греам бара тотален притисок врз Москва






Греам истакнал дека досегашните дипломатски обиди само му овозможуваат на Кремљ да добие време.

– Ако Путин повторно каже не, Трамп треба да го потпише мојот закон со 85 ко-спонзори. Ќе воведе царини за држави што купуваат евтина руска нафта, ќе ја прогласи Русија за држава спонзор на тероризмот поради киднапирањето на 20.000 украински деца и ќе заплени бродови што превезуваат санкционирана нафта, како што тоа се прави во Венецуела – рекол тој во емисијата „Meet the Press“.

Греам предложил и нов чекор: снабдување на Украина со крстосувачки ракети „Томахавк“ за уништување на фабрики за беспилотни летала и ракети во Русија.

– Би одел до крај ако Путин каже не – нагласил тој, додавајќи дека Русија „ќе продолжи со нападите врз Донбас сè додека не почувствува вистински притисок“.

Вашингтон меѓу мир и конфронтација

Идеите на Греам се дел од пошироката дискусија во САД околу тоа дали администрацијата на Трамп треба да примени „план Б“ доколку мировниот процес пропадне. Американските извори наведуваат дека Вашингтон и европските партнери нудат рамка која вклучува повлекување на руските сили и безбедносни гаранции за Украина.

 

Во меѓувреме, специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина кои се одржаа во Мајами „продуктивни и конструктивни“. На слично мнение е и неговиот руски колега:

„Дискусиите меѓу украинските и американските преговарачи опфатија мултилатерални безбедносни гаранции, како и американски безбедносни гаранции“, напишааВиткоф и главниот украински преговарач, Рустем Умеров, во идентични објави на Икс.

Украински, руски и европски делегации беа во Мајами во текот на викендот за да ги продолжат преговорите за прекин на војната што Русија ја почна пред околу четири години, иако не беа одржани директни разговори меѓу украински и руски претставници.

Преговорите во Мајами за конструктивни ги оцени и главниот руски преговарач, специјалниот пратеник на рускиот претседател, Кирил Димитриев.

Поврзани содржини