БИ НОСЕЛЕ ЛИ ФУТУРИСТИЧКА КОВИД-МАСКА? „Razer Zephyr“ распродадени за еден ден (ВИДЕО)
Софистицирани филтри со ротирачки вентилатори кои работат на струја, а се полнат со УСБ-полнач ќе можат да купат луѓето во САД за 99 долари, а проѕирниот дел кај устата прави да можете да гледате што зборува вашиот соговорник.
Во март 2021 година, Razer го претстави Project Hazel, неговата визија за футуристичка маска за да помогне во борбата против пандемијата. Она што беше интересно дури и тогаш беше пристапот на Razer. Основната идеја на маската е да се направи проѕирен дел за луѓето да видат за што зборувате, гледајќи ја вашата уста, пишува Мондо.
Razer Zephyr е името на маската која беше пуштена во продажба на 21 октомври по неколку месеци бета-тестирање и нагодување, а беше можно да се нарача од официјалната веб-страница на Razer. Сепак, не цел ден по почетокот на продажбата, сите маски беа распродадени. Без разлика дали станува збор за мала прва количина или голем интерес, веројатно нема да дознаеме, но додека не се појави повторно на продажба, еве неколку основни карактеристики на маската Zephyr.
Имаат три филтри, а се полнат со УСБ-кабел
Основната верзија чини 99 долари и доаѓа со маска, торбичка за носење, USB-C кабел за полнење, спреј против магла и три сета филтри за замена кои можат да траат до три дена секој. Пакет од дополнителни 10 филтри чини 29,99 долари и ќе ви трае еден месец.

Уште нема потврда дека се сигурни
Од друга страна, маската Razer Zephyr е дизајнирана да го филтрира воздухот што го вдишувате и издишувате, преку два странични отвори со RGB вентилатори. Она што Razer сè уште не добил е потврда од овластени институции дека маската е безбедна за употреба во пандемија, што значи дека никој не гарантира дека Zephyr е навистина безбедна маска кога сте во близина на заразени луѓе.
Информациите од кои Razer во суштина се оградуваат се дека ова не е медицинска опрема или опрема за лична заштита и дека не е тестирана против коронавирусот. Веб-страницата, исто така, не наведува дали тие аплицирале за таква сертификација и засега Zephyr се рекламира како прочистувач на воздух. Но, очигледно тоа е доволно со оглед на тоа што сите маски се распродадоа во рекордно време.
Штитат од ПМ-честички не помали од 0,3 микрони
Маската користи филтри N95 и има 99% ефикасност на бактериска филтрација, што значи дека може да филтрира 99% од воздушните честички од 0,3 микрони и поголеми. Кога станува збор за ковид-19, работите се малку посложени, бидејќи честичките на вирусот се помали од 0,3 микрони, а сепак истражувањата покажуваат дека луѓето најчесто се инфицираат преку поголеми молекули на кои вирусот се „лепи“ како капки вода.

Две брзини на вентилаторот
Ако имате впечаток дека протокот на воздух не е доволно добар, можете да ги активирате вентилаторите кои овозможуваат подобра циркулација на воздухот и имаат предефинирани режими на ротација од 4.200 и 6.200 вртежи во минута, додека долниот отвор на маската нема активна вентилација.
Лесна инсталација и заштита од 72 часа
Процесот на поставување на филтерот е исклучително едноставен и потребно е да ги извадите магнетните капаци со два вентили и да го вметнете филтерот така што црниот дел да биде свртен кон маската, а другиот филтер да се вметне под проѕирниот пластичен дел. Еден сет на филтри делува 72 часа, но и доколку сте во ризичен затворен простор подолго време, треба да ги отстраните филтрите што е можно поскоро.
Сајбер-панк или можеби, корона во боја
Маската Zephyr изгледа како футуристичка гасна маска од некоја парен-панк игра, особено со блескавите Razer Chroma RBG рабови на големите отвори за воздух. LED диодите се таму повеќе за да привлечат внимание отколку што имаат некоја практична функција, освен што фрлаат малку светлина на проѕирниот дел, па некој подобро да го види движењето на вашата уста во темница.