„ДА ВИ ГО КУПАМ УКРАДЕНИОТ НАКИТ, ПА И ВО ДУБАИ ИМА ЛУВР“ Контроверзниот газда на Телеграм се измајтапи со кражбата во Париз

Никој не краде од Лувр во Абу Даби, со иронија вели познатиот милионер Павел Дуров кој до неодамна беше во притвор во Франција, коментирајќи го грабежот што ја потресе француската јавност.

1,386

Основачот на познатата социјална мрежа Телеграм, милионерот Павел Дуров, во саркастична објава рече дека со задоволство би го купил накитот украден од парискиот Лувр и би го подарил на Лувр во Абу Даби.

„Никој не краде од Лувр во Абу Даби“, напиша тој на Икс, коментирајќи го грабежот што ја потресе француската јавност.






Од парискиот Лувр се украдени осум парчиња накит кои им припаѓале на француските царици. Грабежот го извршила група од четири лица, од кои две провалиле во музејот, јавија француските медиуми.

Лувр е отворен уште во 1793 година и е најпосетуваниот музеј на светот, симбол на европската уметност и културно наследство.

Дуров, кој беше уапсен на аеродромот Ле Бурже близу Париз во август 2024 година, уште е под надзор на францускиот суд.

Во март оваа година француските власти му дозволиле да ја напушти земјата за кратки патувања, а од јули истата година и до две недели под одредени услови. Според француските медиуми, моментално тој повторно живее во Дубаи и патува само по потреба.

Апсењето во Франција

Во август 2024 година, француските истражители го обвинија Дуров за неколку дела поврзани со Телеграм: недоволна модерација, дозволување на трговија со дрога, дистрибуција на нелегални материјали и перење пари.

По неколку дена притвор, му била одредена кауција од 5 милиони евра, обврска да се јавува двапати неделно во полиција и забрана да ја напушти територијата на Франција.

Фото: Принтскрин

Поминав неколку месеци во Франција поради истрага поврзана со активностите на криминалците на Телеграм. Процесот е во тек, но одлично е чувството да се биде дома – рече тогаш Дуров, заблагодарувајќи им се на истражните судии што му дозволиле да ја напушти земјата.

Кој е човекот зад Телеграм?

Роден во Санкт Петербург во 1984 година, Павел Дуров студирал филологија и програмирање. Неговата прва голема идеја – „ВКонтакте“ – го направила милионер уште пред 30-тата година. Подоцна, откако одбил да им предаде кориснички податоци на руските безбедносни служби, го продал својот удел и ја напуштил Русија.

Телеграм го основал во 2013 година, заедно со својот брат Николај, и ја претставил како апликација што никогаш нема да ја продаде приватноста на своите корисници. Денес, Телеграм има повеќе од 900 милиони активни корисници месечно.

Поврзани содржини