„БИ-БИ-СИ“ СЕ ОГЛАСИ ПО ПОВОД ЕВРОВИЗИСКАТА ПЕСНА НА ХРВАТСКА Сите учесници мора да се придржуваат на овие правила

Групата „Лет 3“ годинава ќе ја претставува Хрватска на Евровизија во Ливерпул, а за нивната песна „Мама ШЧ“ не престанува да се зборува.

541

Групата „Лет 3“ годинава ќе ја претставува Хрватска на Евровизија во Ливерпул, а за нивната песна „Мама ШЧ“ не престанува да се зборува.

Имено, иако членовите на бендот нагласија дека нумерата е антивоена, многумина се згрозени од изведбата и текстот, а бидејќи сметаат дека текстот „мал, мизерен психопат“ алудира на претседателот на Русија Владимир Путин, тие велат дека тоа претставува политичко мешање и бараат дисквалификација на бендот од овој натпревар.






По тој повод се огласи „Би-би-си“, која го организира финалето на Евровизија во Ливерпул, Британија.

„Натпреварот за песна на Евровизија (ЕСЦ) е семејно забавно шоу и ЕБУ очекува сите учесници да се погрижат сите уметници и амбасади да го имаат тоа на ум, како и вредностите на ЕСЦ, при подготовката на нивните настапи, особено во поглед на голотија, сексуална конотација и на севкупната провокација“, соопштенот е за „Јутарњи.хр“.

„Дополнително, правилата за песна на Евровизија наведуваат дека сите натпреварувачи ќе се придржуваат до вредностите на ЕСЦ и ЕБУ и не смеат да споделуваат никакви отворени политички или други мислења кои се во спротивност со вредностите на ЕСЦ и/или кои може да го доведат натпреварот на лош глас. Ова вклучува забрана за какви било политички изјави на избраните уметници во секое момент, без разлика дали е пред натпреварот, на сцената или надвор од неа во текот на настанот“, порачаа од организацијата.

Потсетуваме, последен пат дисквалификација од Евровизија се случи во 2021 година, кога Белорусија беше исфрлена од натпреварувањето. Имено, во песната „I Will Teach You“ („Ќе те научам“) постои стих: „Ќе те научам да играш онака како што јас свирам“, што предизвика револт кај белоруските опозициски политичари бидејќи веруваа дека песната го одобри насилното задушување на протестите против долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко.

 

Поврзани содржини