БГНЕС пишува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е оженет со Бугарка, а Мицкоски вели дека имаат само македонски пасош

2,080

И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. и ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата, нема да му помогнат ниту „браќата и пријателите” на Заев кои гледаат дека владата е сериозно разнишана, објави на својот фејсбук профил лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска на бугарската национална агенција БГНЕС осамна наслов дека Мицкоски е оженет за Бугарка.

Според БГНЕС, „најголемиот противник на сè што е бугарско во Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, е оженет со Бугарка“.






Во текстот се вели дека сестрата на сопругата на Мицкоски која работи како нотар во Струмица има бугарско државјанство, односно поседува бугарски пасош.

„Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза, има бугарско државјанство“, наведува бугарскиот медиум и тврди дека тоа јасно се гледа од избирачкиот список за претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за 4 април.

Според БГНЕС и нејзиниот сопруг е бугарски граѓанин кој се наоѓа во списоците за гласање во Благоевград.

Поврзани содржини