БГНЕС: Борисов и Трифонов со скоро еднакви резултати
Може да се претпостави дека трите формации на Слави Трифонов, Христо Иванов и Маја Манолова може да добијат околу 113 пратеници во парламентот со 240 места.
ГЕРБ на Бојко Борисов и „Има таков народ“ на Слави Трифонов имаат приближно исти резултати, а разликата меѓу нив е минимална, објави БГНЕС.
Денешното гласање сведочи за трајното слабеење на БСП која веќе се бори да го задржи третото место, каде Демократска Бугарија најверојатно ќе го престигне.
Големото прашање денес е дали Трифонов ќе прифати поддршка од статус кво партиите или повторно ќе одбие да формира кабинет, што ќе доведе до нови предвремени избори, заедно со претседателските избори оваа есен.
Денешните избори се први што се одржуваат целосно со машинско гласање. Проблемите на некои места со машинско гласање не создадоа општ проблем за легитимноста на изборите.
Според ЦИК, процентот на машини кој нефункционираат е занемарлив во однос на вкупниот број од 10,5 илјади.
Оваа изборна кампања ќе остане запаметена и по активното учество на привремената влада.