БЕЗОС ВЛОЖУВА ВО СТАРТАП ЗА ЗАПИРАЊЕ НА СТАРЕЕЊЕТО? Научници треба да откријат технологија за подмладување
Од научниците кои ќе се придружат на компанијата се очекува дека ќе откријат на кој начин клетките стареат и што би можело да се направи за тој процес да прекине.
Во Кембриџ е отворена истражувачка лабораторија на таинствен стартап која работи на пронаоѓање технологија која би можела да го продолжи животниот век. Наводно стартапот има поддршка од Џеф Безос.
MIT Technology Review наведува дека стартапот Altos Labs се обидува да донесе научници и дека им нуди годишна плата од околу милион долари.
Се очекува дека ќе отворат истражувачки центри во Јапонија и во Сан Франциско. Цел им е да измислат технологија која би можела да ги подмлади клетките од животинско ткиво, што би требало да доведе до подолг животен век.
Од научниците кои ќе се придружат на компанијата се очекува дека ќе откријат на кој начин клетките стареат и што би можело да се направи за тој процес да прекине.
Оваа област од науката и порано ги привлекувала милијардерите, вклучувајќи го и соосновачот на Гугл, Лари Пејџ и соосновачот на Пејпал Питер Тиел, кој ја финансирал фирмата од Сан Франциско под името Unity Biotechnology.
Според MIT Technology Reviewu, Altos Labs веќе добила поддршка од Јуриј Милнер и од Џеф Безос. Канцеларијата на Безос не одговорила на бараето на списанието за коментар.
Руско-израелскиот милијардер Милнер преку портпаролот потврдил дека вложил пари во таа фирма.
Безос исто така вложил пари и во фирмата Unity Biotechnology, чија цел е да се продолжи периодот во која лицето е неоптоварено со болести кои настапуваат поради стареење.
MIT Technology Review тврди дека Altos Labs собрал најмалку 270 милиони долари откако е основана при крајот на минатата година.
Се очекува дека глобалниот пазар на технологија која се бори против стареење до 2024 година ќе го надмине износот од 127 милијарди долари.