Безос ќе лета во вселената, но не и во орбитата
Чудно ли е зошто најбогатиот човек на светот, основач на Амазон не вложил повеќе за да биде прв во трката? Моментално Безос вреди околу 200 милијарди долари. Наредени сите тие банкноти би биле двојно повисоки од висината на која ќе биде лансирана ракетата Blue Origin - 100км од Земјата.
Џеф Безос денеска нема да полета во орбитата, туку на висина која меѓународно уште не се смета дека е надвор од земјината атмосфера, се подбива на Твитер, Елон Маск, со својот соперник, милијардерот Џеф Безос. Додека најбогатиот човек во светот денес во 3 попладне ќе се вивне и ќе лета на 100 километри (99,77км) над земјата, Маск смета дека тој ќе биде „во вселената, но не и во орбитата“.
Игра на мемиња
Вселенската трка меѓу Безос, Бренсон и Маск продолжува – на Твитер. Маск го потроши викендот постирајќи мемиња со кои се подбива во Безос. Во едно од нив, тој и Безос се како ликови од Стар Ворс, а Безос му се фали дека ќе полета. „Хаха“ напиша Маск под мемето.
— Charly (@Charly923407591) July 17, 2021
Не му е првпат на Маск да се исмева со својот конкурент во вселенски туризам. Во 2019 година, Маск тој го фотошопираше леталото „Blue moon“ со кое Џеф предлагаше да лета на Месечината, нарекувајќи го „Плави мадиња“, заради неговиот топчест дизајн.
Oh stop teasing, Jeff 😉 pic.twitter.com/wuWPENcSE1
— Elon Musk (@elonmusk) May 10, 2019
„О, престани да се задеваш, Џеф“, напиша тогаш Маск.
Во април, Маск се потсмеваше и на Безос затоа што не можеше своето летало „да го крене (да орбитира) лол“.
Да се потсетиме, НАСА веќе го избра Спејс Екс на Маск, за компанија која ќе го изработи леталото за НАСА да однесе астронаути на Месечината. Спејс Екс на некој начин беше прва во оваа трка, а од неодамна почна да носи астронаути и разен товар на Меѓународната вселенска станица.
„Новиот овчар“ ќе лебди 4 минути
62 милји, по наше 100 километри, е Кармановата линија – меѓународно договорениот раб на атмосферата. Но, тоа не ни блиску до правата стабилна орбита за кое било вселенско летало. Како планира Безос да го изведе својот лет со New Shepherd (Новиот овчар)?
Заедно со својот брат Марк, астронаутката Воли Фанк и тинејџерот Оливер Даемен, 57-годишниот Безос ќе полета од својата станица во Западен Тексас во ракета чија капсула ги има најголемите прозорци до сега во летало. Според инфографикот од веб-сајтот на неговата фирма Blue Origin, капсулата ќе се одвои веќе на 76 километри, а остатокот ќе падне на околу 3 километри oд местото на полетување. Се чини дека тој само за 6 километри ќе ја надмине оваа линија, односно ќе се качи на 106км, а потоа ќе сопре.
– Ќе бидеме во нулта гравитација околу четири минути, во кои ќе можеме да излеземе од нашите седишта, да ги одврземе каишите, да лебдииме и да го гледаме издатокот на Земјината атмосфера – Безос изјави за СиБиСи Њус.
Кула од 200 билиони долари
Чудно ли е зошто најбогатиот човек на светот, основач на Амазон не вложил повеќе за да биде прв во трката?
На Твитер, Безос доби критика и од познатиот астрофизичар Нил Де Грас Тајсон, познат во јавноста по своите ју-тјуб видеа, како прв познат афроамерикански научник.
„Моментално Безос вреди околу 200 милијарди долари. Наредени сите тие банкноти би биле двојно повисоки од висината на која ќе биде лансирана ракетата Blue Origin“, пишува Тајсон.
The net worth of @JeffBezos is about $200-billion. A stack of that many dollar bills would reach twice as high as his Blue Origins Rocket launch. pic.twitter.com/jbNbWDwEhR
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) July 19, 2021