Безос ќе даде 2 милијади долари за да стигне пред Маск на Месечината

Целата работа почна кога НАСА сфати дека нема да им доволно средства од Конгресот за да изгради свое летало, бидејќи доби само 850 милиони долари, а побара 3,3 милијарди. Тогаш почна наддавањето меѓу гигантите Маск и Безос. Цената веројатно имала голема улога во доделувањето на договорот, бидејќи тогаш Спејс Икс ја имаше најевтината понуда.

333

Илон Маск и Џеф Безос се пак во костец – овој пат за тоа кој ќе го направи возилото на НАСА кое ќе слета на Месечината до 2024 година.

Откако во април НАСА го „шутна“ Блу Ориџин на Безос и го одбра Спејс Икс на Маск, со договор од 2,9 милијарди долари, најбогатиот човек на светот се враќа со нова понуда: 2 милијарди долари од трошоците за НАСА ќе покрие Блу Ориџин, ако агенцијата ја преиспита својата одлука, пишува Би-би-си.






„Создадовме систем за спуштање на Месечината во 21 век, инспириран од добро карактеризираната Аполо архитектура – архитектура со многу придобивки. Една од нејзините важни придобивки е тоа што ѝ дава приоритет на безбедноста“, напишал Безос во своето писмо до НАСА, мислејќи на последната Аполо мисија до Месечина во 1972 година.

Целата работа почна кога НАСА сфати дека нема да им доволно средства од Конгресот за да изгради свое летало, бидејќи доби само 850 милиони долари, а побара 3,3 милијарди. Тогаш почна наддавањето меѓу гигантите Маск и Безос.

Иако би било идеално НАСА да ангажира две компании да ја завршат работата, сегашниот буџет на агенцијата дозволува да се избере само една, признава Кети Луедерс, шефица на одделот за човечко истражување. Цената веројатно имала голема улога во доделувањето на договорот, бидејќи тогаш Спејс Икс ја имаше најевтината понуда.

Како и во 1969 година, кога Нил Армстронг одеше по Месечината, така и овој пат водородното гориво останува примарниот извор на енергија. Новината е што овој пат НАСА ќе се обиде со минирање на мраз од Месечината да направи вода, која потоа ќе ја подели на течен водород и кислород преку електролиза.

Во своето писмо Безос најавил и дека доколку биде избрана, неговата компанија Блу Ориџин ќе употреби дополнителни мотори со метан при слетувањето. Сепак, во април, кога биле рангирани заедно со Спејс Икс на тендерот, понудата на Блу Ориџин беше оценета како „многу добра“, а онаа на Маск како „извонредна“.

Во продолжение видете како Блу Ориџин на Безос го направи својот прв туристички лет во вселената кој траеше само неколку минути на 106 километри од Земјата. 

Поврзани содржини