БЕЗБЕДНОСТА „НЕМА ЦЕНА“ Македонија ќе купи француски систем за противвоздушна одбрана

Станува збор за повеќегодишна набавка на систем за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата - изјави министерката Славјанка Петровска.

124

Министерството за одбрана ќе набави современ систем за противвоздушна одбрана, а за кој ќе склучи договор со Министерството за одбрана на Република Франција, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, министерката за одбрана Славјанка Петровска ги запозна членовите на Комисијата со Информацијата и потребата на Армијата за набавка на современ систем за противвоздушна одбрана.






– Станува збор за повеќегодишна набавка на систем за противвоздушна одбрана на мали височини, кој треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а кој е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата – изјави министерката Славјанка Петровска.

Министертката рече дека безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили од НАТО, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата. Таа најави дека јавноста ќе биде подетално информирана за типот на воена опрема и за динамиката на испорака.

Поврзани содржини