БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА НИ Е НАЈГОЛЕМ ПРИОРИТЕТ Кандидатот Лабудовиќ ветува серија мерки и проекти

Училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради – се предвидува во програмата на Лабудовиќ од ЗНАМ.

38

„Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар,“ порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ.

Лабудовиќ истакна дека неговата мисија е јасна – секоја училница, секој двор и секој агол во Центар да биде безбеден, топол и инспиративен простор за секое дете.






– Безбедноста на децата е нешто што не смее да се доведува во прашање. Затоа, училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради – за секое дете да пристигнува и да си заминува без страв и безгрижно – истакна Лабудовиќ.

Во неговиот план е предвидена темелна реконструкција на сите училишта и градинки – со нови фасади, енергетски ефикасни системи, топли училници и современи простори што ќе поттикнуваат љубов кон знаењето и развој на креативноста.

Таму каде што досега немало услови за спорт и игра, ќе се изградат нови спортски сали и детски игралишта, затоа што, како што рече Лабудовиќ, „здравото дете е среќно дете, а среќното дете е најубавата слика на еден град.“

Посебен дел од визијата е посветен на талентираните ученици – преку фонд за стипендии, натпревари и менторски програми, за секој талент да има можност да блесне и да расте овде, дома. Општината ќе обезбеди и инклузивно образование, со адаптирани училници и специјализирани програми за децата со посебни потреби, како и континуирана поддршка за нивните семејства.

Поврзани содржини