БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАВА Е СТАБИЛНА Мицкоски очекува економски предизвици

До овој момент не постои ризик по безбедносната состојба во државата, рече Мицкоски.

81

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на компанијата „Актив“ во Штип.

– Безбедносната состојба во државата е стабилна, мирна. До овој момент не постои ризик по безбедносната состојба во државата. Ние имавме Совет за безбедност, кој го организираше претседателката врз основа на информациите коишто ги добивме и од службите, но и од соодветните министерства, пред сѐ министерствата за одбрана и за внатрешни работи. Врз основа на тие податоци, во овој момент можам да кажам дека безбедносната состојба е стабилна – изјави премиерот Мицкоски и додаде дека со тек на време очекува одредени економски предизвици, поврзани со цената на нафтата и на гасот.

Поврзани содржини