БЕЗБЕДНО Е АКО СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ОД КОВИД И ОД ГРИП ВО ИСТО ВРЕМЕ Сепак, прашајте го и вашиот лекар, порачува СЗО
Ковид-19 во суштина ги има истите симптоми, но на нив се додаваат и губењето на чувството на мирис и вкус. Многу луѓе, особено младите луѓе, со ковид-19 покажуваат дополнителни специфични симптоми - рече Брајан.
Истовремената употреба на вакцини против грип и коронавирус е безбедна, покажаа истражувањата за кои денеска во седиштето на СЗО во Женева зборуваше Силви Брајан, директорка на Службата за глобална подготвеност за критични инфекции при Светската здравствена организација.
– Постојат неколку студии кои покажуваат дека е безбедно да се даваат двете вакцини истовремено, објасни таа. Сепак, мора да се консултирате со вашиот лекар за индикациите за употреба на двете вакцини – додаде таа.
Запрашана како пациентот може да ги разликува симптомите на грип од оние на ковид-19, директорката потсети дека вообичаените симптоми на грип се треска, главоболка и болки во мускулите, како и течење на носот и кашлица.
– Ковид-19 во суштина ги има истите симптоми, но на нив се додаваат и губењето на чувството на мирис и вкус. Многу луѓе, особено младите луѓе, со ковид-19 покажуваат дополнителни специфични симптоми – рече Брајан.
Понекогаш, сепак, има малку симптоми на двете болести, а тоа најмногу зависи од нивото на имунитет, објасни таа.
Брајан нагласи дека е важно да се знае дека „превентивните мерки делуваат и кај двете болести“.
Експертката потсети дека е потребно миење раце, проветрување на просториите, носење маска и одржување на физичка дистанца.
-И грипот и ковид-19 можат да се спречат доколку се следат овие мерки – рече таа.