БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА ДОХРАНА НА БЕБИЊАТА Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона

Оваа година, Караванот на мајчинство започна со првата онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема: „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“. Предавач на обуката беше д-р Марина Поп Лазарова

22

Втора година по ред, dm во соработка со Матрона продолжува со Караванот на мајчинство – иницијатива посветена на поддршка, едукација и инспирација за сите мајки. По успешната измината година, во која беа реализирани 11 обуки онлајн и низ целата земја, Караванот повторно создава топла и охрабрувачка средина – простор каде мајките се чувствуваат разбрани, поддржани и охрабрени да растат заедно со своите деца.

Оваа година, Караванот на мајчинство започна со првата онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема: „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“. Предавач на обуката беше д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, која со своето стручно знаење и топлина ги водеше учесничките низ сите чувствителни и важни моменти на воведување на цврста храна – од првиот залак, до градењето доверба и сигурност кај мајките.






Речиси 200 учеснички беа дел од оваа онлајн едукација, внимателно следејќи ги препораките за безбедна и здрава дохрана, поставувајќи прашања и споделувајќи лични искуства. Како дополнителна поддршка, за нив беше обезбеден и специјален ваучер за -15% попуст за купување на babylove производите во dm продавниците – мал, но значаен поттик на патот кон грижливо и внимателно мајчинство.

Караванот на мајчинство продолжува низ целата година, со нови теми, корисни совети и уште повеќе моменти на заедништво. Сите мајки и идни родители се охрабруваат да ги следат најавите и да станат дел од ова патување исполнето со љубов, знаење и поддршка!

 

Поврзани содржини