„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДА КАЗНУВА И ЗА ФРЛАЊЕ ОТПУШОК ОД КОЛА Покрената онлајн петиција за фрлање отпад од возила
Целта на петицијата е намалување на загадувањето, подигање на јавната свест и подобрување на културата во сообраќајот. Со иницијативата се бара МВР и Владата да ја разгледаат можноста за воведување ваква функционалност како дел од проектот „Safe City“.
Онлајн петиција за воведување автоматска детекција и казнување за фрлање отпушоци и отпад од возила преку системот „Safe City“ покрена граѓанската иницијатива „За Почиста Македонија“, која со години спроведува еколошки акции и активности за заштита на животната средина.
– Ваквата практика има сериозни последици врз животната средина и угледот на државата, а претставува и закана за јавната безбедност, особено во периоди со зголемен ризик од пожари – велат од иницијативата.
Целта на петицијата е намалување на загадувањето, подигање на јавната свест и подобрување на културата во сообраќајот. Со иницијативата се бара МВР и Владата да ја разгледаат можноста за воведување ваква функционалност како дел од проектот „Safe City“.
Петицијата може да се поддржи со онлајн потпис на следниот линк: https://c.org/64hMxMdpch