БЕЗ ЗАРАЗЕНИ И СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ЛЕГИОНЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА Здравствените власти велат дека има тестови за оваа инфекција налик пневмонија

Симптомите обично се појавуваат од 2 до 5-6 дена по заразата, понекогаш и подолго, со почетни знаци како сува кашлица, треска, главоболка, понекогаш и дијареа или конфузија пред развивањето на пневмонијата.

220

На Клиниката за инфективни заболувања во Скопје моментално нема пациенти кои се лекуваат од инфекција со легионела, и нема забележани смртни случаи од оваа болест, вели директорот д-р Фадил Цана.

На 18 јуни во Клиничката болница „Ребро” во Загреб, тројца пациенти починале откако се заразиле со легионела. Вкупно шестмина пациенти биле инфицирани со оваа бактерија, сите со претходно основи со тешки здравствени проблеми и намален имунитет.






Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека Легионерската болест е вид на пневмонија. Без специфични симптоми кои би ја одвоиле од другите видови на пневмонија, лекарите се обврзани да извршат микробиолошки тестови за потврда на дијагнозата.

Директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети, потврдува дека во институтот постојат тестови за легионела. Симптомите обично се појавуваат од 2 до 5-6 дена по заразата, понекогаш и подолго, со почетни знаци како сува кашлица, треска, главоболка, понекогаш и дијареа или конфузија пред развивањето на пневмонијата.

НОСЕТЕ РАКАВИЦИ И МАСКА КОГА РАБОТИТЕ СО ЗЕМЈА ЗА САДЕЊЕ Што е легионела и како можете да се заразите?

Поврзани содржини