БЕЗ ВОЗАЧКА УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Приведен 21-годишник од Прилеп
21-годишен прилепчанец без возачка дозвола се судрил со полициско возило, при што била причинета материјална штета.
21-годишник од Прилеп бил приведен откако без возачка дозвола управувал автомобил и се судрил со полициско возило.
Инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците Кузман Јосифоски и Ладо Лапецот, каде што младиот возач со „опел“ со прилепски таблички удрил во службено возило „пежо“ на Министерството за внатрешни работи. Полициското возило го управувал 31-годишен возач од прилепско.
Во несреќата била причинета материјална штета, а повредени лица нема. По интервенцијата, полицијата утврдила дека 21-годишникот воопшто нема положено за возачка дозвола.
Тој бил приведен, а по расчистување на случајот против него ќе следува соодветна пријава.